„Секако дека е лоша ситуација, но тоа се случува во фудбалот – со играчи, со тренери. Напуштањето на еден човек не менува ништо“. Вака тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим го коментираше заминувањето на спортскиот директор Ден Ешворт.
Според медиумите во Англија, Ешворт бил сменет од функцијата поради несогласувања со новиот тренер на тимот. Во официјалното соопштение од клубот беше наведено дека двете страни се разделуваат со „взаемна согласност“.
Ешворт започна на „Олд Трафорд“ летото, но помина само пет месеци во работата и беше отпуштен на почетокот на оваа недела на изненадување на сите.
„Ова не е најдобрата ситуација, но важно е да продолжиме по нашиот пат. На сите им е јасно. Ова не менува ништо. Од првиот ден чувствувам целосна поддршка од сите. За нас е најважно да имаме јасна визија и тоа нема да се смени со заминување на еден човек“, изјави Аморим во пресрет на натпреварот од Лига Европа со Викторија Пилсен.