Дали е на повидок нов конфликт во Манчестер Јунајтед? Или одмрзнување на стариот. Рубен Аморим го замени Алехандро Гарначо на полувремето против Ипсвич, поттикнувајќи ја старата приказна дека Португалецот и Аргентинецот навистина не се согласуваат.
Аморим не го вклучи Гарначо во протоколот и против Манчестер Сити, ниту Маркус Рашфорд. Тој посочи дека тоа се должи на неангажман.
Сега, кога на полувремето го извади Аргентинецот од игра против Ипсвич, а Гарначо наместо на клупата за резервни играчи директно замина во соблекувална, оваа приказна стана поактуелна. Маркус Рашфорд и Ентони веќе се „избркани“ од Манчестер Јунајтед.
– Правиш врска со Рашфорд, нели? Знам, знам… Прво ќе морам да разговарам со Гарначо за тоа. Значи, ако сакате, ќе разговараме за тоа на следната прес-конференција. Но, морам да кажам дека беше влажно и студено – рече Аморим.
Манчестер Јунајтед по голема борба и пресврт го совлада Ипсвич со 3-2 на „Олд Трафорд“.