Аморим жали што го презеде Манчестер Јунајтед?

од Vladimir Zorba
16 прегледи

По дебаклот на сите домашни фронтови, на Манчестер Јунајтед му останува само Лига Европа да се бори за трофејот. Но, тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим во моментов не размислува за тоа.

„Црвените ѓаволи“ во четврток ќе отпатуваат за Баскија на осминафиналниот натпревар од Лигата на Европа против Реал Сосиедад. Лига Европа не само што е единствената шанса за трофеј, туку е веројатно и единствената шанса за пласман во Лигата на шампионите.

Судејќи според она што го пренесува Football Insider, Португалецот му се доверил на пријател дека жали што го преземал Манчестер Јунајтед и дека играчите мислат дека се многу подобри отколку што навистина се.

Јасно е дека Аморим има поголеми грижи од подготовките за натпреварот против Реал Сосиедад. Што и самиот го призна на прес-конференцијата.

– Луѓето на Лига Европа гледаат како на натпреварување кое можеме да го освоиме, но и како на полигон за пласман во Лигата на шампионите. Но, да бидам искрен, мислам дека имаме поголеми грижи. Знам дека е чудно тоа што го кажувам, но мора да се обидеме да изградиме нешто овде и тоа мора да биде поважно во овој момент од освојување на некое натпреварување – изјави Аморим.

Слични содржини