Ампева: Преку глава им е на работниците од приватниот сектор да бидат граѓани не од втор, туку од трет ред

од Берта Китинска
280 прегледи

Здружението „Гласен Текстилец“ – Штип најостро реагира на новиот предлог Закон за административни службеници на Министерството за информатичко општество и администрација во кое се менува полното работно време на административните службеници за кое досегашните 40 часа неделно, се менуваат на 36 часа неделно односно осум часа дневно од понеделник до четврток и четири часа дневно во петок.

-Предлог Законот е дискриминаторски. Не може да носите поволности само за јавната администрација. Посебно буни фактот дека ова се случува во предизборие.Јас разбирам дека е предизборие и дека треба да се добијат гласови на јавна адинистрација, но ова не е одржливо. Ние зборуваме за македонска економија, не а германска или австриска. Цело време да нудите поволности за јавната администрација, па после се чудите зошто младите ја напуштаат земјата, или зошто на ладите им е најлесно да бидат дел од политичка партија за дојдат до вработување во администрацијата, изјави за Утрински брифинг Кристина Ампева од „Гласен текстилец“.

Слични содржини