Ампева: Седум текстилни фирми од источниот регион не исплатиле минимална плата

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Седум текстилни фирми од источниот регион не исплатиле минимална плата. Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец” вели дека станува збор за 1.000 текстилни работници кои кај нив пријавиле дека им е исплатена плата под минималната.

Таа појаснува дека на нивните сметки се исплатени 16.000 или 17.000 денари. Ова е првична бројка, вели, а пријавите се собрани за само пет дена.

– Имаме случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги доставуваме до Инспекторатот за труд, вели Ампева.

Слични содржини