Ампева: ССМ мисли дека 745 денари се доволни за одржување на здравјето на едно семејство

од Nikola Popovski
246 прегледи

Претседателката на здружението „Гласен текстилец“ Кристина Ампева е разочарана од односот на Сојузот на синдикати на Македонија и пресметувањето на синдикалната кошничка.

Според неа, само Сојузот на синдикати на Македонија одредува синдикална кошничка за 4 члена на семејството, така што на пример за декември 2021 година изнесувала 35.000 македонски денари, а за април 2022 година истата кошничка била 38.000 македонски денари.

-Ова се смешни суми, па како пример споделувам податоци за месец јануари 2022 година: вредноста на Синдикалната минимална кошничка за јануари 2022 година изнесува 35 811,00 денари. Елементи кои ја формираат вредноста на минималната синдикална кошница месец 01 2022:

1. Храна и пијалоци 15 317, 2. Домување 11 447, 3. Хигиена 2 415, 4. Транспорт 2 652, 6. Облека и обувки 2 165, 6. Култура 1 067, 7. Одржување на здравјето 745. Вкупно: 35 811,00, информира Ампева.

Таа потенцира дека „се срами да го сподели фактот дека еден синдикат мисли дека 745 денари или 12 евра се доволни за одржување на здравјето на едно 4члено семејство, или за хигиена дека се потребни околу 40 евра“.

Слични содржини