Ампева: Три поголеми штипски конфекции работат на празник

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Најмалку три штипски конфекции, една во Пробиштип, но и странските инвеститори во Кочани денеска работат, а работниците не го празнуваат 11 октомври, вели Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип.

-За овие, за кои имам сознанија отприлика три конфекции и тоа поголеми, ќе ги известам нивните брендови, за кои работат, иако можеби е законски да работат, сепак го злоупотребуваат истиот Закон, а богами и Законот за минимална плата за што имаме реагирано како здружение за неисплаќање на минимална плата, непријавени работници, неисплаќање на додатоци на плата. Бидејќи им е полесно да платат казна на инспекциите, овој пат ќе преминеме кон известување на брендовите со нашите партнери од странство па нека проценат тие дали е во ред вакво работење. За останатите кои не се дел од текстилната индустрија, а добивме сознанија дека работат денес, ќе провериме дали пријавиле и дали ќе платат празнична дневница, вели Ампева.

Посочи дека има и позитивни примери, односно поголемиот дел од компаниите во Штип и источниот регион не работат на државниот празник, а некои од нив го поврзале и викендот со денешниот празник.

Слични содржини