АМС ќе ги помогне идните пливачки подвизи на Марко Пејчиновски

од Nikola Popovski
175 прегледи

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска остварил средба со македонскиот пливач Марко Пејчиновски.

Мојсовски изразил задоволство што спортист од ваков ранг е во Агенцијата, која воедно е највисока државна институција за спорт во државата. Тој искажал подготвеност АМС да помогне во подготовките за следниот подвиг и додал дека на Марко е да постигнува резултати, а Агенцијата е тука да го поддржува.

Директорот на АМС искажал подготвеност Агенцијата да ги помогне идните подвизи на овој млад спортист, а помошта ќе биде еднократна или на месечна основа, во зависност од потребите на Марко.

-Марко по овој повод кажал дека оваа година имал цел да исплива 250 км со 10 препливувања. За таа цел Марко започнал со подготовки уште од 15 октомври 2021 година, кога во период од три месеци неделно препливувал по 60 км. Агенцијата за млади и спорт му посакува уште многу големи успеси во иднина, велат од АМС преку соопштение.

Слични содржини