Авто-Мото Сојузот на Македонија информира дека патниот правец Крушево – с.Долно Дивјаци – с.Кочиша е небезбеден за сообраќај и претсавува опасност за нормално одвивање на сообраќајот. Од 04.4.2025 година е затворен за секаков вид на сообраќај. Може да се користат регионален пат с.Пуста Река -Крушево.
Според известувањето од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 03.04.2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности.
-Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на „Македонијапат“. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, стои во соопштението на АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.