Амстердам е популарна туристичка дестинација, всушност премногу популарна, заклучија градските власти, ограничувајќи го бројот на туристички ноќевања на 20 милиони годишно за да се ублажат ефектите од масовниот туризам.
Регулативата ќе го намали бројот на ноќевања за најмалку 10 проценти и е значително поблага отколку што бара иницијативата на околу 30.000 граѓани, барајќи бројот на ноќевања да биде ограничен на максимум 12 милиони ноќевања годишно.
Во 2019 година, градот со 800.000 жители забележа речиси 22 милиони ноќевања, а во 2020 година нивниот број нагло опадна поради пандемијата „Ковид -19“.
Според новата регулатива, градските власти ќе треба еднаш годишно да го објавуваат бројот на ноќевања на туристите. Откако ќе го достигнат лимитот, ќе мора да интервенираат со мерки како што се зголемување на даноците за престој и ограничување на платформите за изнајмување, како што е Airbnb.
Мерките не се навистина нови, бидејќи Амстердам веќе драстично ги заостри регулативите за дигиталните платформи, го ограничи бројот на хотелски кревети и постави ограничувања за разгледување на центри во градот.
Градските татковци, исто така, ја разгледуваат можноста да ја преместат познатата „Red Light District“ во предградието и да забранат продажба на лесни дроги на туристи во кафулињата.