Цените на угостителските услуги во јуни 2025 година се зголемени за 0,2% во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС)
Порастот, пак, на цените на угостителските услуги во јуни 2025 година во однос на истиот месец од
претходната година е 4,6 отсто.
По категории, во јуни годинава во однос на мај, цените на храната во рамките на угостителството поскапела за 0,3%, алкохолните пијалоци не доживеале раст на цените, а ист е случајот и со безалкохолните пијалоци и ноќевањата.
Годишниот раст на цените на угостителските услуги (јуни 2024-јуни 2025) изнесува 7,7% кај храната, 6,7% кај алкохолните пијалоци, 5,1% кај безалкохолните пијалоци, а во однос на ноќевањата е забележан пад од 6,6%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – јуни 2025 година
во однос на истиот период од минатата година е 105.4, додека во однос на декември 2024 година
е 101.4.