Српскиот премиер Ана Брнабиќ изјави дека земјата се фокусира на завршувањето на програмата на ММФ уште оваа година и ќе ги оцени последиците врз економскиот раст пред да побара нов договор, пренесува српското радио Б-92.
На новинарско прашање дали Србија ќе го обнови тригодишниот превентивен дговор “, со ММФ во кој препорача мерки кои вклучуваат намалување на јавните трошоци, продажба и затворањето на државни компании, кои не носат профит”, Брнабиќ рече дека тоа е можно. Брнабиќ изјави дека сака да го забрза економскиот раст до четири проценти во наредните две години од сегашните три и дека во моментов размислува дали придобивките од нов договор со ММФ се повеќе од строгиот надзор на кредитори, базирани во Вашингтон.
“Сигурно е добро да имаш некој да диктира темпо, да ја посочува брзината на реформите, со кој ќе се дискутираат приоритетите. Но понекогаш ММФ е построга од потребното и во овој поглед е можно новиот договор да го забави растот “, додаде таа.