428
Пејачката Ана Николиќ често ги споделува на социјалните мрежи своите секојдневни моменти, кои ги поминува со својата тригодишна ќерка Тара, а овој пат се пофали со подарокот кој го доби од неа.
Имено, Тара за својата мајка набрала букет темјанушки, кој Ана Николиќ веднаш го сликаше и го објави на својот Инстаргам, а под оваа фотографија го напиша следново:
– Тара ми ги набра моите први темјанушки и се чини дека тоа ќе стане наша традиција бидејќи јас сè уште ја чувам првата темјанушка што ми ја даде пред две години, кога тукушто прооди и прозбори. И ќе ги чувам засекогаш.
„Нешто најубаво и најпрекрасно“, „преубаво“, „прекрасно“, беа некои од коментарите кои пејачката ги доби под оваа фотографија.