362
Ќерката на поп -sвездата Ана Николиќ, Тара, денеска го слави својот 4 -ти роденден, а по тој повод, пејачката се огласи на социјалните мрежи.
Ана конечно одлучи да ја покаже својата ќерка на јавноста, а првата фотографија од Тара беше проследена со емотивна порака.
„Ќе бидам твоја поддршка и карпа… и кога ќе се распаднам на илјада делови … ќе бидам сѐ што може и што не може, и што е потребно и што не е потребно, и меч и штит, и небо и ѕид… Ќе бидам сѐ што никој не беше за мене! Те сака мама! Среќен роденден, моја единствена безусловна љубов… Тара“, напиша Ана на Инстаграм.
Воодушевените следбеници коментираат дека малата Тара е истата како Ана.