343
Веста дека Северина Којиќ го изгуби старателството над синот од бракот со бизнисменот Милан Поповиќ ја вознемири јавноста, особено поради тоа што сите сведочеа како таа се бори за своето дете веќе неколку години.
Нејзината колешка Ана Николиќ останала без зборови поради ваквата одлука на судот во Загреб и апелира институциите што побрзо да реагираат.
На својот Инстаграм таа објави фотографии од Северина со нејзиното дете и напиша:
„Да ѝ го одземеш детето на мајката… Па тоа е монструозно и недозволиво. Каде може на детето да му биде подобро и кој може да го сака повеќе од мајката? Никој! Срамота… Се надевам дека институциите ќе реагираат. А таткото кој навистина го сака своето дете никогаш не би направил такво нешто и точка.“