381
Ана Петровска ќе влезе во трката за градоначалник на Град Скопје. Активистичката коалиција „Зелен хуман град“ ќе застане зад штотуку разрешената директорка на Државниот инспекторат за животна средина,
-Ние имаме една заедничка визија. Пред да ја прифатам мојата кандидатура тие веќе ги зрееле своите идеи и тези за тоа како треба да се управува Градот, а јас не знаејќи за нив направив една компилација и замислете се вклопивме во 90 проценти во идеите, кажа Петровска.
Петровска беше разрешена од Владата и од функцијата во матичната партија ДОМ поради разидување со лидерката Маја Морачанин.