Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложи Резолуција за евроинтеграцискиот пат на државата, која што се уште е во дрфат верзија, а во изминатите два дена лобираше во парламентарните партии таа да биде прифатена. Начелна поддршка доби од македонските партии од власта СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС. Политички аналитичари во разговор за “Локално” сметаат дека поставените „црвени линии“ со кои се штити идентитетот повеќе прават штета, бидејќи идентитетот на Македонците и македонскиот јазик не е дел од преговарачкиот билатерален спор со Бугарите.
-Искрено мене ми смета што во Резолуцијата се наведува еден јазик, треба да се наведат два.Јас не гледам причина зошто македонската страна би укажувала на потребата за заштита на македонскиот јазик, а да го ослобдат од заштитување другиот јазик, во првиот параграв oд Резолуцијата стои: „Преговорите да се водат на рампоправан и принципиелна основа , без никаков услосување на достоинството“…Зошто само на македонскиот народ, треба да биде наведено на двата народа.Ова по мене е некое инсистирање на заштита на едната страна додека пак на другата страна и дава недопириливсот по тоа се гледа дека ние се штитиме,”зошто треба да се штитиме ?” По мене инсистирање само на заштитата на една страна ја прави другата поранлива, комнетира политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.
За Ненад Јовановиќ , Резолуцијата на кој инсистира ВМРО-ДПМНЕ со нивните таканаречени “црвени линии” е предизборна реторика со која сака Мицкоски да им се додовори на своите гласачи.
-Од друга страна идентитетот на македонците и македонскиот јазик не се дел од преговарачкиот билатерален спор со Бугарите, а тоа е веќе милион пати прежвакана тема, и не знам зошто упорно се инсистира на тоа. Најголемата штета за идентитетот и јазикот се создава кога вие цело време го “браните” и “штитите”, така само правите штета, па луѓето сосема природно ќе се прашуваат: “ако не сме Македонци, што сме, ако не зборуваме македонски јазик, на кој јазик зборувме”? Тоа е природна реакција на нашите граѓани. Ние сме Македонци кои зборуваат и пишуваат на македонски јазик. И тоа не може никој да го промени додека има свет и век, смета аналитичарот Јовановиќ.
Во однос на тоа дали со нејзиното евентуално усвојување во Собранието ќе значи и крај на надежите за решение со Бугарија , Муслиу потенцира дека не треба да се губи надежта бидејќи ја имаме поддршката од евроатланските чинители.
-Не е крај на надежите, сигурно дека малку ќе се отежни ситуацијата во моментот кога гледаме дека сите главни евроатласки чинители се на наша страна и укажуваат на апсурдноста на блокадата која ја вметна Бугарија, имаме и позитивно вклучување на Американците во овој процес и на Преспа форумот со јавни изнесени ставови. И во ситуација кога вие ги имате иделни предусловите кај вашите пратнери по однос на ова прашање вие наметнувте нешто што можеби Бугарите ќе пробаат да го искористи во однос на меѓународните партнери, не во однос на нас. Затоа мислам дека ова е меч со две оштрици, значи не е спорен позитивниот став на сите во ЕУ освен на Бугарија, вели тој.
Интересот на ДУИ не е албанско заштитнички
Муслиу смета дека односот на ДУИ во врска со Резолуцијата не е албанско заштитничка бидејќи Албанците не се „играчите“ во овој идентитетски спор.
-Јас мислам дека на ДУИ позицијата не е во однос на тоа дали на Албанците им одговара или не. Сметам дека нивниот став е поврзан со позицијата во која е државата или во која ќе се ставиме со донесувањето на оваа Резолуција.Интересот на ДУИ не е албанско заштитнички , затоа што Албанците не се „играчите“ во овој идентитетски спор, него можеби таму некој мисли како јас дека во момент кога имам идеална позција за да и се изврши притисок на Бугарија да попушти ние правиме нешто што можеби ќе успеат тие да го наметна како изразување на крајна волја на нашиот Парламент кој декларативно е за зачленување на ЕУ. Мсилам дека и затоа Алијанса не го поддржала предлогот,а во оваа ситуација ДУИ го отфрла фактот дека нема врска со албанскиот етички идентитет во однос на државата и деблокирање на процесот, коментира аналитичарот.
Според Јовановиќ, за ДУИ природно е да ја отфрли ваквата Резолуција, бидејќи не се пронаоѓа во таа етнички неприродна ситуација меѓу Македонците.
-Ова го велам од проста причина што доминантната политика на Заев е “Едно општество за сите”. Па во таа смисла, Северна Македонија е мултиетничко општество, со исклучително добар однос не само кон Албанците, туку и кон сите останати малцински народи и заедници, кои не само што сакаат да бидат рамноправни во општеството, туку сакаат рамноправно да учествуваат во европеизација на земјата. И во тој процес не смеат да бида исклучени или изоставени од таквите стратешки национални интереси, вели тој.
Ја имаме поддршката од евроатланските чинители и Американците
На прашањето дали САД ќе одигра клучна улога во евентуалното решение на спорот со оглед на изјавите на неодамна завршениот Преспа форум, САД и ЕУ (проф. Џозеф и амбасадорот Коп) се судрија околу ветото на Бугарија. Каде професорот од “Џонс Хопкинс” го нарече однесувањето на Унијата кон Македонија “предавство”, додека Коп ја “одбрани” земјата-членка и го нарече блокирањето “владеење на правото”. Според Муслиу сите клучни играчи кои се занимваат со политика вклучувајќи го тука и професорот Ед Џозеф се добри познавачи на Балканот и нивните ставови укажуваат на поддршка за нашата земја.
-Ед Џозеф е влијателна личност кој го познава Балкатнот така да ставовите нивни и на официјалните претставници на Стејдепартментот укажуваат дека сите поактивно ќе се уклучат можеби зборот на амбасадорот Коп во оваа ситуациија е прејак. Да не заборавиме дека авторативните режими и граѓаните во минатот кога вршеле злодела тие злодела ги покривале со владеење на правото . Ќе доенел закон кој бил штетен за одредена група на граѓани и го спорведувале. Сега и Геј парадата што беше таа не беше против закон туку за промена на закон и владеењето на правот, значи подбра живот за сите.Очигледно е дека ЕУ се труди да го покрие со владеење на право своето однесување што е во спротивност за основните принципи на ЕУ за еднаквост , достинстов, почитување на другата страна значи во меѓународните односи ЕУ не може да се обраќа кон Кина на некоректен начин и тоа да го покрива со владеење на правото во нејзините редови они почитуваат процедура, а тоа коснезуланото однесување е процедура нивна и тоа не значи дека е правда .Зборто на амбасадорот е прејак, а односот во секој случај не може да се оправда со владеење на правот.Тој можел да каже дека таква им е процедурата и дека основачкиот документ така им наложува , но основачкито документ кога е напрвен ние сме имале две членки земји кои војувле и имале жртви, но изнашле начин да го надминат тоа и да прерасне во Европска Унија, обајснува Муслиу.
С.Македонија е напдната од страна на Бугарија на еден непријатен начин
Според аналитичарот Јовановиќ напдната од страна на Бугарија е направен на еден непријатен и простачки начин кој е нетипичен за една земја која природно припаѓа на Европската унија.
– Европа не си ги почитува сопствените вредности на кои почива и опстојува како најсовршена “наддржава” во историјата на целото човештво. Притоа, фер е јасно да кажеме: Европа денес е во криза. Нема да претераме ако кажеме дека во еден дел се распаѓа со Брегзит во Англија, од друга страна Ангела Меркел повикува на единство во Европската унија. На ставот сум денес дека мора Европа да ја чуваме, да го поттикнуваме потенцијалот на мир, дијалог и економска соработка. Што значи потребно е да се продре од “сите за сите”, барем тоа е важно за нашата земја кои сме отворено за влез во Европската унија. А тоа значи дека Европа мора да биде на линија на своето историско искуство од крајот на Втората Светска војна, да не’ поддржи отворено и директно во спорот со Бугарите. На крајот сакам да потенцирам: денес светот се дели на “источен” и “западен”, и во таа смисла ние треба да се држиме до Германија, да ја бараме нејзината поддршка, а исто така треба да го негуваме и продлабочуваме пријателството со САД. Значи да завршам, ние мора да се потпираме на Германија и САД, отворено и без заддршка, и конечно да го решиме проблемот со Бугарија конечно да отпочнеме директни преговори со Европската унија, коментира Јовановиќ.
Во однос на изјавата на вицепремиерот Никола Димитров : “Прашањето за јазикот и оваа наша борба не е само одбрана на македонскиот идентитет, туку борба за зачувавање на европскиот идентитет и вредностите што треба да ги предводи ЕУ”, Mуслиу смета дека нашата земја е најдобар пример за добра волја и храброст, но ЕУ е немоќна да ги реши проблемите.
-Потполно е во право Димтров ако некој бил добар пример, за добра волја храбри потези тоа сме ние. Некоректно е од европајните од совјата немоќ да ги решат своите внтрешни недоразбирања е да го префрлаат проблемот на другата страна, втор што е битно ова ако им помине еве да се каже дека ние ќе се сложиме за преговрачката рамака Србија најверојатно ќе се откаже од членствот затоа што покрај Словенија и Хрватска никогаш нема да стане членка , Албанија ќе се откаже затоа што Србија е во напредна фаза. Ова се сериозни проблеми за регионот . „Босна како ќе се учлени?“ Ако не регира Храватска ќе регира Србија ќе постават некој перверзен услов и тие ќе треба да го прифата. Овие работи вака не можат да идат.Јас милам дека по 30 години сите граѓани во оваа држава се сплотени по однос на евроинеграциите , нема да најдеш ни Албанец ни Турчин ни Влав кој ќе рече за ова ќе направиме компромис , вели тој.
Б.М.