Без разлика на резултатите од среднорочните избори во САД и политичката поларизација на ситуацијата таму, САД решително ќе го продолжат ангажманот на Западен Балкан, вака во изјава за порталот „Локално“ вели поранешниот шеф на дипломатијата на Република Албанија, Едмонд Панарити, зборувајќи за среднорочните избори во САД и американската геополитика.
– Без оглед на резултатите од среднорочните избори во САД и политичката поларизација на ситуацијата таму, САД решително ќе го продолжат својот ангажман на Западен Балкан. Оваа американска заложба е поздравена од сите земји на Балканот, и како дополнување на вакуумот создаден од европскиот скептицизам за експанзијата, но пред се од руската агресија во Украина и заканата за безбедноста на земјите од регионот. Всушност, и демократите и републиканците ги делат истите цели за регионот. Што вклучува на прво место нормализација на односите меѓу Косово и Србија, деблокирање на политичкиот ќорсокак во Босна и Херцеговина и унапредување на европската интеграциска агенда на регионот. Затоа не се очекуваат промени na американската политика во регионот, нагласува Панарити.
Политикологот и поранешен член на Државната изборна комисија Енвер Салихи потенцира дека изборниот процес во САД има високо влијание за Западниот балкан и за Република Северна Македонија. Според него, многу е важно за нас и целиот свет да се сочува балансот во Сенатот и Претставничкиот Дом кој е постигнат со владеењето на Џозеф Бајден.
– Овој исход значи конзистентност на американскат политика и мирен мандат за следните две години и навестување на уште еден мандат за Бајден. Светот соочен со големи предизвици и светска кризи е потребно да има ист човеч на чело на најмоќната држава во светот како би се постигнало мирот и заздравување на свветската економија и секако секоја промена би значело период на одолговлекувања и промена на приоритети. Секако дека после војната во Украина приоритет на САД е мирот во балканскиот полуостров и решавање на сите проблематични прашања. Се надеваме на понатамошна подршка од САД како најголем наш партнер и држава која цело време не подржува при нашите аспирации кон евро-атланскиот пат, изјави Салихи за „Локално“.
Д.Ј.