Лидерите на земјите-членки на ЕУ, институциите на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се соберат денес на Брдо кај Крањ за да ја потврдат „недвосмислената поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан“. Ова е „потврдено“ во сите досегашни усвоени декларации, уште од самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун во 2003 година, но и во повеќето други официјални документи на ЕУ кои се однесуваат на регионот во целина или на земјите поединечно.
Повеќето граѓани од Западен Балкан ќе речат дека поддршката за европската перспектива ја поистоветуваат со поддршка за проширување или евентуално членство во ЕУ. За ЕУ, сепак, проширувањето е нешто што може да помине, дури и во завчерашната декларација, но со бројни критериуми и бариери. Од таму произлегува прашањето, што, ќе се дискутира на денешниот самит на лидерите на Европската унија и Западен Балкан, ако не за пристапувањето кон Унијата?
Според универзитетскиот професор и политички аналитичар, Мерсел Биљали, самитот кај Крањ има цел со празни ветувања да ја задржи про ЕУ кондицијата во државите од западен Балкан.
-Реално состојбата воопшто не е поволна ниту за западен Балкан ниту за ЕУ. Имено ЕУ се соочува со тешка внатрешна состојба, внатрешна (не)функционалност, поделеност, проблемите со Унгарија и Полска, емигрантити, брекзит итн. Јавното мнение во повеќе релевантни држави на ЕУ е заситено и не е расположено со нови проширувања. Од друга страна, постои страв кај западните земји дека ако поголго се игнорира западниот Балкан, има шанси таа празнина да ја пополни некоја друга светска сила, особено Кина и Русија, вели Биљали за „Локално“.
На прашањето како ги коментира последните изјави на премиерот Зоран Заев дека самитот ЕУ-Западен Балкан ќе испрати порака дека следните 3 месеци се клучни во изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, професорот вели дека на самитот ќе има слатки пораки, но со многу „но“.
-Ќе се повтори вообичаената реченица од Солун 2003 година дека „на Западниот Балкан му е местото во ЕУ“, потоа, ќе следат бројни задачи кои не им беа барани на Романците и Бугарите. Така што ќе продолжи одисејадата на Црна Гора која гази на тринаесетата година од преговорите , а ги нема завршено ниту половината од поглавјата. Слично се случува и со Србија. Ние и да ги почнеме преговорите тоа е само заради формата, оти го решивме проблемот со Грција, а сме спремни и со Бугарија. Но реално, нашите политичари посакуваат преговори само за маркетиншки цели, смета Биљали.
За ставовите на вицепремиерот за европски прашање Никола Димитров дека „не сме центарот на Универзумот односно Балканот не е најважното прашање бидејќи ЕУ навистина помина низ серија кризи последниве години“, аналитичарот потсетува дека „тешко на земјата која вели ако не не примате кај нас ќе настане пекол“.
-Тоа е исто кога девојката ќе ви каже дека ќе се самоубие ако не ја жаните. Ние имаме слаби резултати во однос на реформите. Имаме пораст на корупцијата, уназадување во борбата против криминалот. Имаме корумпирано,нерофесионално и партиско правосудство. Тотално партизирана и непрофесионална администрација. И со таков смрдлив багаж сакаме и бараме место во Брисел. Тоа е далечна космичка мисија, посочува Биљали.
Според него, на западните сили им е целта оти се плашат од можните промени кои може да се случат тука.
-Имено ако власта доживува пораз, парламентарните избори не ни багаат, одговори Биљали на прашањето дали позитивниот исход од самитот во Словенија ќе влијае на локалните избори на 17-ти октомври.
Словенија е близок сосед на регионот и многу што ја врзуваат за регионот, вели меѓу другото професорот за „Локално“.
-Ако евентуално регионот се дестабилизира, Словенија директно ќе ги сноси дел од последиците. Секоја држава посакува мир и соработка во соседството. А датумот 2030 е доста оптимистики датум. Јас мислам дека приоритет на државите од западен Балкан треба да им бисе заедничкиот регионален пазар. Мислам дека подобро да се фокусираме кон Берлински процес и Отворен Балкан, отколку да губиме драгоцено време со празни содржини како што е моментално нашиот пат за ЕУ, истакнува Биљали.
Политичкиот аналитичар Александар Кржаловски не очекува многу од претстојниот самит.
-Декларацијата е веќе објавена и освен повторување на досегашните заложби, нема други поконкретни заклучоци/чекори/мерки, вели тој за „Локално“.
Според него, ќе има притисок (и кон Бугарија) за решавање на блокадата, но тоа нема да се случи на Самитот (или нема да има видливи ефекти до завршувањето на изборите во Бугарија во ниември).
-Тоа ќе остави мала шанса за решение во декември, но јас лично не верувам дека ќе има деблокада ни тогаш (а секако нема да има сега на Самитов, додава Кржаловски.
Коментирајќи ги ставовите на вицепремиерот Димитров, аналитичарот се согласува дека Балканот не е центарот на внимание.
-Секој си е сам свој центар на внимание (па за нас на Балканот – тоа е центарот, ама за ЕУ не е – тие си имаат свои проблеми со кои си се преокупирано и кои им се секако поважни од сите наши, а проширувањето е на маргините на тие прашања и битно само за неколку земји блиски до регионов). А и тоа е точно – дека со ЕУ одолговлекувањата и нашето трпение опаѓа а и довербата во ЕУ, особено кај младите…, потенцира Кржаловски.
За евентуалниот позитивен исход на самитот кај Крањ, Кржаловски вели дека дискутабилно е што значи тоа „позитивен исход“.
-Секако дека владејачката коалиција ќе се обиде да го претстави исходот како успех, а опозицијата како неуспех (пр. секако ќе нема определување на датум за почеток на преговорите). Поверојатно е дека опозицијата ќе е во право, но не верувам дека битно ќе влијае на локалните избори, посочува тој.
Во однос на планот на Словенија за забрзување на влезот на Западен Балкан во ЕУ до 2030, Кржаловски наведува дека „се крие непостапувањето (да не кажам неспособноста или пак недоволното влијание) на Словенечкото претседателство за конкретни мерки за решавање на блокадата на Бугарија (колку што знам, нема никакви посебни активности или напори, како преговори, предлози, размени на дипломатски ноти или нон-пејпери, па ниту билатерални или три-партитни состаноци, разговори, средби посветени на тоа прашање/проблем“.
-Во таква ситуација, постапката на Словенечката Влада (или Јанша лично) е по принципот на „шокирај со многу, па добиј помалку од тоа, ама секако повеќе од статус-квото“, да се стави ЕУ (членките) во непријатна (дефанзивна) позиција (со плус/минус нереално или неприфатливо барање… кое Словенија, а и Балканот, секако ќе го претстави како „храбро“), со очекување да не се прифати во таа форма, ама барме да се расправа и да се добие брзо поместување барем на Бугарската позиција. Не верувам дека ќе има некој ефект тоа…, вели политичкиот аналитичар во изјава за „Локално“.
Според политичкиот аналитичар, Исмет Рамадани на самитот во Крањ, Словенија, се очекува конечно ЕУ проширувањето со Западен Балкан да го дебатира сериозно и во контекст на геополитиката и стратешките цели.
-Ако продолжи и во наредниот период да дозволи или да подрзхува земји кои употребуваат вето или резерви за проширување,тогаш остава простор да дејствуваат други сили кои кје бидат закана за евроатлантските вредности во регионот а и во самата ЕУ.Затоа, се очекува потврдна и јасна определба за ефикасно интегрирање на Западен Балкан во нивното друштво, вели Рамадани за „Локално“.
За изјавите на премиерот Заев, тој вели дека неговите очекувања ги базира во неговата одлучност да ги продолзхи преговорите со Бугарија врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство потпишан од двете страни во 2017 година.Оправдано се надева,верувајки во евроатлантските вредности,дека ЕУ и САД сериозно ќе притиснат Бугарија да се повлече од апсурдните барања кои задираат во идентитетот на македонците.
-Тој верува дека за други историски нејаснотии кје се најде компромис кој кје го сочува дигнитетот на двата народа. Имајки ги во предвид пораките кои се експлицитни од САД и други важни авторитети во ЕУ,премиерот ,иско резервиран,очекува дека до крајот на оваа година кје заедничка меѓувладина конференција со Еу за отпочнување на преговорите, додава тој.
Можеби е во право вицепремиерот, вели Рамадани, со неговото разочарување,но тоа не значи дека он не верува дека нема да се случи пресврт во пристапот на ЕУ кон Западен Балкан во контекст на геополитиката.
-Калкулантното однесување на ЕУ кон проширувањето е завршена епизода, бидејки ако продолжи вака да се однесува го губи кредибилитетот, посебно кај младите како нејзина иднина, смета Рамадани.
Позитивниот исход од Самитов, директно нема да влијае на локалните избори, вели Рамадани меѓу другото, но ако има заклучоци и ставови кои влеваат сигурна надеж, посебно за решавање на спорот со Бугарија со достоинствен компромис,тогаш тоа ќе оди во прилог на кандидатите од партиите на власт. Спротивното ќе биде алиби за опозицијата.
-Планот на Словенија за прием до 2030-та на ЗАПАДЕН Балкан во ЕУ не е никакво забрзано членување. Малку ли се 10 години земји од Европа да се зачленуваат во ЕУ. Впрочем,и досега нешто е сработено за да бидат доволно во текот на претстојните години,некои порано некои подоцна,од земјите на ЗБ да бидат членки на ЕУ. Да се потсетиме,ние како РСМ имаме статус на земја кандидат од 2005 година. Едно знам,за еден ваква работа во нашиот интегративен процес не сме само ние виновни. Крајно време е, за нас одлучно и брзо да реагира и ЕУ. Што е многу,многу е!, категоричен е Рамадани за нашиот интегративен процес.
Н.П.