Првото економско полугодие од годинава заврши со салдо на странски инвестиции од близу 122 милиони евра. Во споредба со лани, истиот период, инвестиииите се намалени. Во меѓувреме, од почетокот на годинава, Владата донесе одлуки за доделување на државна помош на четири странски компании.
Заминувањето на некогашен “Џонсон Контролс“ го отвори прашањето дали странските компании, отако ќе ги искристат поволностите што им се нудата, ќе ја напуштат Македонија?
Големи бенефиции – непознати резултати ?
Последната странска инвестиција,што ја промовираше Владата е на италијанската комапнија Диатек која ја отвори фабриката “Макдиа“ во скопски Бунарџик 1. За оваа фирма која треба да отвори 200 нови работни места, веќе има и владина одлука за доделување на државна помош. Имено, Владата донела одлука за доделување на помош уште пред пет месеци. Договорот е дискреционен, се посочува дека “Макдиа“ ќе добие пари за креирање на работни места, даночни и царински ослободувања, пари за изградба на градежниот објект, но не се соопштува сумата. Додека на промоцијата на новиот производен погон присуствуваше речси целиот владин економски тим, воздржаност во однос на веста дека Макеоднија ја напушта еден од првите инвеститори, некогашен Џонсон Контролс.
Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека и првото економско полугодие, во однос на ланското, испорача послаби резултати од странските директни инвестиции. Имено, заклучно со јуни, салдото на странски инвестиции изнесувало 121,3 милиони евра што е за 34 милиони евра помалку во однос на истиот период, лани.
Според дел од бизнисмените што ги консултираше “Порталб“, овие показатели се очекувани, особено ако се земе во предвид политичката клима во Македонија.
“Состојбата на политичката сцена не е оптимистичка. Политичката криза зеде замав, разрешницата е неизвесна и сето тоа се одразува врз инвестициската активност. Никој не сака да ги вложи парите, или барем ќе апстинира од вложување во овој период токму поради политичката состојба“, коментираат стопанственици за “Порталб“.
Дел од нив веќе се обратија до Владата со барање да запре сегашниот модел на фавориизрање на странските, за сметка на домашните компании.
“Мора да има еднаков третман на домашните и странските компании. Тоа значи дека владата ќе посветува еднакво време на привлекување на домашни и странски компаии и дека сите ќе добиваат еднакви погодности за отворање на фабрики или нови бизниси. Економијата ќе биде поздрава ако обезбедиме помал број на ново-вработени во поголем број на домашни компании. На пример, 10 дополнителни вработувања во 1000 фирми е многу покорисно за Македонија отколку отварање на две фабрики со 5000 вработени“, вели бизнисменот Венко Глигоров од Либералната Партија.
На “дискриминаторски“ однос, подолго време алармираат и од Стопанската комора на северозапдна Македонија.
“Секоја странска инвестиција во нашата земја е добродојдена бидјеќи освен што носат капитал, тие со себе носат и знаење и технологија што се многу важни за економскиот развој на Македонија. Секако дека за да прфункционира една демократска држава најважен елемент е транспарентноста а која во овој случај ја нема бидејќи Владата едно промовира а друго работи. И без овие “дискрециони финансирања“ домашниот приватен сектор се дискриминира со преголемиот сет на мерки на олеснувања што се прават за странските инвеститори, но оваа состојба со субвениционирање на странските компании продолжува“, изјави неодамна за Порталб, претседателот на комората Неби Ноџа.
На овие повикувања од бизнис заедницата, премиерот Никола Груевски порача дека сите бизнисмени се еднакви пред законот, и дека домашните стопанственици треба да побараат помош од Владата.
“Би рекол повеќе сме фокусирани на домашните, но така изгледа бидејќи одиме во странство да вршиме промоција. Дома немаме потреба да одиме од фабрика во фабрика да вршиме промоција бидејќи домашните компании ги сретнуваме секојдневно по стопанските комори, гледаат што се Владата прави во медиумите, односно сите нови мерки и тие знаат за тоа. Додека во Америка, Холандија, Германија, Англија не можат преку нашите медиуми да се информираат за најновите работи што ги правиме и нормално мора во нивните државни да извршиме презентација“, изјави премерот Никола Грувески.
Според проценките на Владата, во првите седум месеци од оваа година, странските комапнии од домашните фирми купиле стоки и услуги во вредност од 24 милиони евра, што било повеќе во однос на валдината проекција според која овој ефект требало да изнесува 30 милиони евра за целата година.
Највисоко салдо на странски инвестиции од скоро 507 милиони евра е измерен во 2007 ма та година, кога инвестициите достигнале 8,3% од БДП. Оттогаш до сега ниво се намалува. Така, во 2009 та и 2010 година тие изнесуваат околу 2% од БДП. Благо зголемување има во 2011 та година на 4,6% од БДП и потоа повторно пад во 2012 та година салдо на странски инвестиции од 117,3 милиони евра или 1,5% од БДП. Следните две години, 2013 и 2014 инвестициите се движат околу 3,3% од БДП.
Инвестиции се најдоа и во последниот извешатј на ММФ, од каде оценија дека се очекува дека странските директни иневстиции ќе отворат илајдници нови работни места, но и дека сите проекции се условени од политичката криза и нејзнината разрешница./Порталб.мк