АНАЛИЗА НА КИНЕСКИ ЕКСПЕРТИ: Контролата врз епидемијата ја намали смртноста од други болести

од Stefanija Kuzmanovska
354 прегледи

Намалувањето на смртноста од ковид-19 во првите три месеци од епидемијата во Кина, не сметајќи го жариштето во Вухан, укажува дека напорите за воспоставување контрола врз ширењето на вирусот придонеле за намалување на смртноста од други болести, покажаа резултатите од најновата студија.

Студија спроведена заедно од научници од Универзитетот Оксфорд и Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, ги анализира официјалните податоци за смртноста собрани во периодот од 1 јануари до 31 март минатата година, пренесува „Ројтерс“.

Во споменатиот период, смртноста од ковид-19 во Вухан, жариштето на епидемијата во Кина, изнесувала 1.147 лица на 100.000 и е за 56 отсто поголема од очекуваната, се наведува во анализата објавена од Британската медицинска асоцијација.

Меѓутоа, надвор од Вухан, стапката на смртност изнесува 675 пациенти на 100.000 жители и е пониска од првично предвидената на 715, што придонело за намалување на смртноста од други болести.

Слични содржини