Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Претставништвото на УНХЦР во

Скопје денеска организираат настан на кој ќе се презентираат заклучоците од „Анализата на правната рамка поврзана со матичната и граѓанската регистрација во однос на спречување на бездржавјанството”.
На настанот, како што соопштија од Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, ќе се обратат државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, в.д. шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн, претставникот на УНХЦР во Скопје, Дејан Кладарин и шефот на оддел во делегацијата на ЕУ, Вирве Вимпари.