Анализа на јавно мислење: 80% од Македонците се против уставни измени

од Nikola Popovski
164 прегледи

Две третини од вкупниот број на испитаниците (65%) не се согласуваат со уставни измени неопходни за комплетирање на фазата за отворање на преговорите за членство, покажува aнализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ, изработена од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Следено според етничка припадност, цврсто мнозинство од 80% на етнички Македонци се против уставни измени. Додека пак, 53% од испитаници идентификувани како етнички Албанци даваат поддршка на уставните измени.

Испитаниците се поделени околу ставот дека ‘нападот врз Украина е реакција на провокациите на НАТО кои Русија не можеше да ги игнорира’. Половина (51%) од испитаниците во одредена мера се согласуваат со оваа теза, додека 38% не се согласуваат. Мнозинство од испитаниците (55%) целосно се согласуваат дека само преговори, а не победа на Русија или Украина се решение за војната.

Третина од испитаниците (32%) сметаат на ЕУ како најголем сојузник на државата, по која следи САД со 17%. Трет посочен сојузник е соседна Србија со 10%, пред Русија и Германија со 9% и Турција со 7%.

Слични содржини