Анализа: Штип има највисока стапка на заразени од коронавирус, а Струга најголем морталитет

од Берта Китинска
343 прегледи

Според Извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 12 до 18 октомври 2020 година: Tестирани се вкупно 13.213 материјали; регистрирани сe 2.676 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 19,3% во однос на минатата недела.

Најголем број на заболени со ковид 19 се  регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Штип и Гостивар, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Дебар и Штип.

Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 2.745,2 на 100.000 жители и  Свети Николе (2.067,1/100.000), додека инциденца со над 1.000 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Куманово, Струга, Кочани, Дебар, Берово, Делчево и Ресен.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 12.178 машки и 11.612 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 1.174,9/100.000, додека кај женските 1.124,5/100.000.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје  регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (559 односно 20,9%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (522 или 19,5%), 20-29 (470 или 17,6%), над 60 (469 или 17,5%) и 50-59 (443 или 16,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (79 или 3,0%) и 10-19 години (134 или 5,0%).

Слични содржини