Анализа: Во Европа сфаќаат дека ја губат Турција поради сопствените грешки

од Vladimir Zorba
91 прегледи

20160813.wgrioqhcuj

Западот мора да го признае фактот дека Анкара има право самостојно да “воведе ред дома”

Европа не успеа навреме да ги препознае проблемите на политичкиот систем на Турција, кои на крајот доведоа до обид за државен удар во ноќта спроти 16 јули, а задоцнетата реакција на лидерите на ЕУ кои долго ја отфрлија Анкара за соработка со европските држави, смета генералниот секретар на Советот на Европа Турберн Јагланс во изданието Klassekampen.

Според него, Турците биле “револтирани и иритирани”, бидејќи Европејците предоцна го осудија превратот.
“Езги Басаран позната турска новинарка смета дека Европа така и не дознала дека постои тајна мрежа во државните институти. Сега оваа мрежа покажа колку е опасна, покажа дека далеку пред превратот таа била проблем за демократијата во Турција. Европејците сепак се откажаа да гледаат на ова сериозно само затоа што тоа го тврдеа луѓето на Ердоган “- пишува Јагланс.

Според него, некои европски дипломати признаа дека обвинувањата на Анкара на адреса на Фетхуллах Гулен, наводен организатор на превратот, се оправдани.

“Пред неколку дена Hurriet Daily News објави големо интервју со британскиот амбасадор во Анкара. Тој добро го познава Турција и зборува турски. Тој изјавил дека мрежата на Гулен постои и дека тоа е опасно “- пишува политичарот.

Покрај тоа западните медиуми почнаа активно да објавуваат материјали против Ердоган, наместо да се посвети внимание на дискусиите околу настаните во Турција.

Како резиме политичарот вели дека настаните во Анкара и Истанбул ќе имаат значителни историски последици, бидејќи “присуството на Европа, на која може да се смета”, сега е потребно како никогаш порано. За да се врати довербата сепак Европа треба да признае фактот дека Турција има право самостојно да “воведе ред дома”.