Анастасија Ражнатовиќ: „Сè уште немам чувство за деца!“

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ ја видовме на првиот роденден на синот на нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ. Таа смета тој дека одлично се снашол како татко, но исто така вели дека таа сè уште нема чувство за деца.

– Тој е одличен татко, секогаш знаев дека ќе биде таков. Колку што тој има чувство за деца, јас сè уште немам – рече Анастасија и додаде дека смета дека мајчиниот инстинкт ќе се разбуди во неа кога ќе има време за тоа.

Анастасија е во долга врска, неодамна купија стан за заеднички живот. Сепак, таа сè уште не планира да застане на лудиот камен.

– Јас не сакам, кога ќе одлучам да го сторам тоа, сигурно ќе бидете информирани. Но, кој знае што носи денот, а што носи ноќта – рече таа, цитирана од српските медиуми.

Слични содржини