Мастурбацијата е најсигурниот пат кон ѓаволот. Барем тоа го тврди христијанскиот автор Мак Мејџерм кој ги сподели своите главни грижи за постојано отворено женско однесување. Мек се мачи најмногу од фактот дека премногу жени користат вибратори и други секс играчки, кои се произведени пред векови и нивната употреба била обврзана во разновидни демонски ритуали кога древните општества обожавале на различни култови. Мак смета дека секоја секс играчка е отворен портал кон пеколот и преку сопственото тело, жената ја повикува сатаната во себе. Секоја играчка е врата за злите сили кои можат да се искачат во вашето тело, како и да ја уништат врската со најблиските.

20160416.fiwuwyykqt

Поддржувачите на Мак велат дека мастурбацијата ги повикува секс демоните кои не прекршуваат токму во процесот на самозадоволување. Еднаш штом не поробат, злите сили продолжуваат да имаат корист од порталот кој го отвораме и не принудуваат да продолжиме со злото дело дури и во случаи кога не сакаме. Сфаќате дека сте обземени кога оргазмите носат само привремено олеснување на маките. Грешниците кои не се особено заинтересирани за религијата, можат да дишат мирно, бидејќи д-р Лорен Стрејчер смета дека токму мастурбацијата помага за регулирање на хормоните и ја ублажува болката, како и стекнатиот стрес, пишува patheos.com, цитиран од hotnews.com

Ваквите тврдења почнуваат да не срамат особено многу, откако веќе 30 години чекаме да ослепеме. Ако мастурбацијата навистина е одговорна за повикувањето на демони, тогаш е многу можно да сме поддржувачи на Константин и да сме подготвени да минуваме во други светови, борејќи се со злите сили. Во времето кога не отвораме портали, го инвестираме времето во помош на Леонардо ди Каприо за битките во Inception! Дами, дозволете ни го замислиме Егзорцистот!

Слични содржини