339
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одиграл клучна улога во претстојниот трансфер на Антонио Рудигер на Сантијаго Бернабеу, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Тој појасни дека италијанскиот стручњак изразил силна желба да го има фудбалерот во својот тим.
Германскиот дефанзивец ќе се приклучи на „Лос Бланкос“ на лето како слободен играч, откако на 30 јуни ќе му истече договорот со Челси. Договорот се смета за сигурен, но најверојатно ќе биде официјално објавен по крајот на сезоната.
Романо додаде дека во наредните денови ќе биде потпишан договорот меѓу Рудигер и неговиот нов клуб. Договорот ќе биде на 4 години, како што веќе споменаа различни медиуми.