Андерсен добил бројни смртни закани по мечот со Ливерпул

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Јоаким Андерсен и неговото семејство добиле смртни закани по инцидентот со фудбалерот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, кој доби црвен картон.

Бекот на Кристал Палас и Дарвин Нуњез безмилосно се бореа во текот на целиот натпревар. Тоа кулминираше откако Андерсен го турна Нуњез, а овој се заби во него и го собори, за што Нуњез доби црвен, а Андерсен жолт.

Андерсон сподели дел од крајно непријатните пораки кои ги добил на својот Инстаграм ден по натпреварот.

„Во текот на ноќта добив околу 300-400 вакви пораки. Разбирам дека го поддржувате вашиот тим, но не би било лошо да покажете малку почит кон другите и да престанете да се преправате дека сте опасни само на интернет“, рече Андерсен.

Слични содржини