Андерсон е реизбрана за премиерка на Шведска

од Nikola Popovski

Лидерката на шведските социјалдемократи, Магдалена Андерсон, која поднесе оставка на почетокот на неделава по неколку часа како премиерка, денеска беше реизбрана на таа функција.

Од 349 пратеници во шведскиот парламент, 101 ја поддржаа владата на Магдалена Андерсон, 173 гласаа против, додека 75 пратеници беа воздржани. Според шведскиот Устав, премиер може да биде избран доколку мнозинството од 175 не гласаат против.

Андерсон ќе формира еднопартиска, малцинска влада. Утре ќе бидат претставени членовите на Владата. Формално, таа ќе биде именувана за премиер по приемот кај шведскиот крал Карл XVI Густав.

Андерсон претходно беше избрана за премиерка, а седум часа подоцна поднесе оставка бидејќи парламентот не го усвои предлог-буџетот поднесен од нејзината влада.

Следните избори во Шведска се закажани за 11 септември следната година.

Слични содржини