Анџелина Џоли доставила документи до судот за семејно насилство извршено од Бред Пит?

од Stefanija Kuzmanovska

Разводот на поранешната холивудска двојка е сè уште во постапка. Анџелина Џоли и Бред Пит се борат скоро пет години околу старателството над децата и поделбата на имотот. Актерката планира да презентира нови докази за семејно насилство и злоупотреба на суд.

Анџелина Џоли до судот доставила нови документи во врска со „наводно“ семејно насилство извршено од нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

Документите доставени до судот на 12 март покажуваат дека таа и нивните деца се подготвени да сведочат. Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шејло (14) и близнаците Нокс и Вивиен (12), наскоро би можеле да се појават на суд, како сведоци во бракоразводната парница на нивните родители.

„Откако парот е во процес на развод, Анџелина изнесуваше разни невистинити тврдења во кои кажува лаги за нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит. Ги користи и децата. Ова е само обид да се наруши угледот на актерот “, изјави извор близок до актерот.

„Ситуацијата е прилично тешка. Јас сум фокусирана на подобрување на односите во нашето семејство. Сè уште не успеав во тоа. Но, се надевам дека тоа ќе се случи наскоро“, истакна актерката неодамна во интервју за магазинот „Вог“.

Слични содржини