Анџелина Џоли повторно поднесе жалба: Три деца побарале да сведочат против Бред Пит!

од Stefanija Kuzmanovska
365 прегледи

Анџелина Џоли поднесе жалба на пресудата на судот да го дели старателството со Бред Пит над нивните шест деца Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс.

Таа повторно презема чекори затоа што судот не го одобри барањето на трите деца кои сакаа да сведочат против својот татко, пренесува „Page Six“, според наводите на адвокатите на актерката кои се наоѓаат во судските досиеја од декември 2020 година.

Од друга страна, независен адвокат кој е запознаен со случајот вели дека зборот на децата сепак се слушнал за време на судењето.

– Долгото, детално решение се засноваше врз сведочењето на лицата со кои децата разговарале во текот на постапката, така што нивните сведоштва всушност биле земени во предвид – рече тој.

Судските документи наводно не наведуваат кои три деца барале да сведочат против нивниот татко.

– Судењето нужно ќе влијае на нив емотивно. Да се ​​натера едно од децата да страда од она што може да биде залудно, не само што е неоправдано, туку и сурово – велат адвокатите.

Во мај, судијата Џон Удеркирк донесе одлука за заедничко старателство, што, по скоро пет години борба, му донесе победа на актерот. По судската одлука, Џоли вети дека ќе ја продолжи борбата.

Слични содржини