Aнџелина Џоли во потрага по изгубените фанови

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Познатата холивудска ѕвезда сака да го врати местото во срцата на публиката. Пред разделбата  со Бред Пит Анџелина Џоли беше со статус на кралица во седмата уметност. Таа беше жената секс-симбол, мајката на шест деца, почитувана актерка, а борбата за поволна положба во ОН ја правеше икона, на која целиот Холивуд завидува. Но, сето испари само за неколку недели. По најаваата за разводот Енџи покажа друго лице, тоа на една жена подготвена на сè за да го задржи старателството врз децата, но и да го уништи човекот кого толку многу го сакаше во последните десет години.

Значи оваа медиумска војна неизбежно остави траги.

За време на церемонијата на “Голден Глоубс” Бред Пит беше пречекан од публиката ентузијастички и тоа ѝ дава на Енџи на знаење дека патот кон повторното освојување на срцата на публиката, разочарани по секоја веројатност од нејзиното однесување, ќе биде долг.

Според “New York Post” таа донела сериозно решение – веднаш да ангажира пијар и имиџ советник кој ќе ѝ го врати сјајот на нејзиното име. Со недели по ред Енџи се колеба дали да го направи овој чекор. Ѕвездата од “господарка на злото” веднаш по почетокот на разводот се сврте кон Џуди Смит, позната советничка на брачните кризи.

Денес сепак идната-поранешна сопруга на Бред Пит направи дополнителен чекор. Нејзиниот тим бара редок бисер, за да започне со работа. Во скоро време Енџи ќе се врати во киното и знае дека не смее да си дозволи идниот нејзин филм да не постигне успех во филмскиот бокс офис.