Анџелина опседнатa со љубовниот живот на Бред

од Vladimir Zorba

Според странските медиуми, Анџелина Џоли е опседната со љубовниот живот на нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, па затоа ги користела децата за да добијат дополнителни информации за него. Во таа прилика, наводно, се огласиле и пријатели на славната актерка.

„Нејзините пријатели велат дека таа ја прави истата работа како и повеќето други поранешни сопруги откако децата одат на спиење во домот на другиот родител – кога ќе се вратат дома, тие извлекуваат информации за поранешниот сопруг, особено оние поврзани со новата жена во неговиот живот“, објаснил изворот за американски таблоид.

„Бред сигурно знае дека децата пренесуваат сè што се случува во неговата куќа на Анџелина, но неговата девојка Алија е многу љубезна кон нив, така што таа сигурно не е премногу загрижена за тоа“, заклучил извор кој инсистирал на анонимност.

Слични содржини