Андовски: Пациентите кои се лекуваат кај нас се во релативно добра состојба, нови пациенти се испратени на лекување во странство

од Марта Пешевска
113 прегледи

Во македонските болници моментално се хоспитализирани 89 пациенти поврзани со трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани. Според последните информации на заменик министерот за здравство Јовица Андовски распределбата по клиники е следна: Клиника за пластична хирургија – 17 пациенти; Клиника за токсикологија – 13 пациенти; Клиника за торакална хирургија – 4 пациенти; Клиника за траума – 2 пациенти; Детска хирургија – 4 пациенти; КАРИЛ – 14 пациенти; Стара Градска болница – 12 пациенти; ГОБ „8 Септември“ – 18 пациенти; Штип – 3 пациенти; Клиника за пулмологија – 2 пациенти

Заменик министерот информираше дека во моментов во странство се лекуваат 76 пациенти, а во текот на ноќта беа транспортирани дополнителни пациенти: Хрватска – 2 пациенти, Грција – 3 пациенти, Австрија – 2 пациенти, Словенија – 2 пациенти.

Според Андовски се планира трансфер на уште неколку пациенти во Виена, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија, но конечниот број на префрлени пациенти ќе биде дополнително објавен.

Во земјата пристигнаа меѓународни медицински тимови за помош во лекувањето на најтешко повредените пациенти. Андовски известува дека од Белгија се пристигнати лекари, а денеска се очекуваат и дополнителни засилувања: Израел – 7 лекари (уште 10 пристигнуваат денес), Чешка – 6 лекари, Белград – 6 лекари

Здравствените власти соопштија дека моментално сите пациенти, и во земјата и во странство, се во стабилна состојба, но постои можност за компликации. Пациентите кои беа интубирани во Анкара (5 на број) сега се екстубирани и во добра здравствена состојба.

Слични содржини