670
Денешната енергетска криза пред се е резултат на појавите на европските берзи, пред се со цената на електричнта енергија, вели советникот за енергетика на премиерот, Виктор Андонов, во емисијата „24 анализа“.
Според него, во првиот квартал цените се движеле од 50 до 60 евра по мегават на час, а од пред неколку месеци се над 200 евра и до 300 во одредени периоди.
-Увозот на електрична енергија во Македонија во последните 15 години се движи меѓу 25-30 проценти. Ова ги погодува и развиените европски држави, а не само земјите во развој. Албанија одамна прогласи енергетска криза. Имаме мерки за поддршка и во Романија, Италија, Грција, каде владите директно помагаат, информира Андонов.