Андонов: Гасот ќе го купиме од Србија

од Берта Китинска
317 прегледи

Ќе и платиме на Србија, а гасот ќе се носи преку врската во Бугарија. Еден дел е за топланите за топлинска енергија , а еден дел ќе биде за АД ТЕ-ТО за производство на електрична енергија, вели Виктор Андонов, советникот за енергетика на премиерот Димитар Ковачевски во Владата, во „Студио 10“ .

Тој додаде дека договор со „Макпетрол“ како трговец не бил постигнат затоа што цената која ја нудел „Гаспром“ била екстремно висока.

„Цената преку „Макептрол“ е над 2.000, односно до 2.500 евра за нормален метар кубен. Со таа цена понатаму од 400-600 евра ќе биде ценатат за мегаватчас струја, а исплатлива цена за индустријата да преживее е 200 евра. Ако обезбедевме цена по тоа што се нуди, ние на тој начин немаше да и помогнеме на индустријата. Тоа ќе се одразеше и на сметките на граѓаните и на буџетот“, истакна владиниот советник.

Слични содржини