Андонов: Кризата не научи дека мора да постапуваме брзо и ефикасно во насока на забрзување на енергетската транзиција

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Соработникот за енергетика во Канцеларијата на Претседателот на Владата, Виктор Андонов заедно со секретарот за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата, Васко Кичевски присуствуваа на работна средба со претставници од бизнис заедницата од Чешката Република во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија, во Прага, Чешката Република, Чешко – Македонската трговска асоцијација и Чешката агенција за промоција на трговијата.

Целта на оваа средба беше да се промовираат можностите за инвестирање во обновливи извори во нашата земја, како и поволностите што ги нуди Владата за инвестиции во нови производствени капацитети.

„Кризата не научи дека мора да постапуваме брзо и ефикасно во насока на забрзување на енергетската транзиција кон производство на чиста енергија. Нашата земја изобилува со огромен природен потенцијал, ние сме земја на сонцето со голем број сончеви денови, а дополнително Владата на Република Северна Македонија донесе сет на мерки со кои се олеснуваат процедурите за инвестициите во обновливи извори. Сето ова, треба да биде мотив да ги разгледате поволностите и можностите за инвестирање”, рече соработникот Андонов.

Секретарот за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата, Васко Кичевски пред присутните претставници од чешката бизнис заедница зборуваше за поволностите и можностите за инвестиции во нови производствени капацитети во технолошките развојни зони и надвор од зоните, и ги презентираше мерките што Владата ги донесе за привлекување на нови инвестиции.

Слични содржини