Андонов: Мицкоски да каже со кои фирми договарал набавка на јаглен од Индонезија

од Nikola Popovski
297 прегледи

„Мицкоски има обврска да каже со кои фирми договарал набавка на јаглен од Индонезија? Ние можеме да увеземе нафта од други места, но не од Русија и други сателити на Русија“ изјави Оливер Андонов во емисијата на Васко Ефтов.

Андонов, кој ја води внатрепартиската иницијатива за промена на Христијан Мицкоски од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ исто така додаде дека актуелниот претседател на партијата е во постојана комуникација со Руската амбасада во Скопје.

„Има информации дека Мицкоски редовно комуницира со руска амбасада. А тие на членови на ВМРО-ДПМНЕ им зборуваат против Мицкоски и ги насочуваат кон Апасиев“ рече Андонов.

Тој додаде дека во мај 2017 остварил средба со претставници од амбасадата на која му било кажано дека се подготвени да им помогнат на ВМРО-ДПМНЕ за да не отстапат од власт.

„Имаше и втора средба, понудата беше одбиена. Никогаш не сум бил ничив шпиун, не па руски. Шест месеци подоцна, ноември 2017, после поразот на локалните избори, повторно седнав со Русите и ми кажаа дека веќе не давале поддршка на Груевски бидејќи политички бил мртов. Сфаќам дека не’ сработија Русите“ рече Андонов.

Слични содржини