Андонов: Обвинителството по допрен глас треба да поведе постапка дали некој противзаконски го следел Трендафилов

„Етичкиот однос на Стојаноска е нечесен, која е таа да објавува видео со децата на Трендафилов на Фејсбук“, прашува проф. Андонов во анализа за „Локално“

од Nikola Popovski
63 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Работава е политичко-етичкa. ние не можеме да потврдиме дали државата го следела или можеби од партијата ВМРО-ДПМНЕ го следеле со намера да го дискредитираат, но јасна е намерата за негова јавна дискредитација на позицијата на која е, вели за „Локално“, Оливер Андонов, универзитетски професор на Воената академија и екс-министер за внатрешни работи за видеото со претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и неговите деца.

Според него, тоа е таа политичко-социјална злоупотреба во која прашањето е следно – прво етичкиот однос на пратеничката Дафина Стојаноска.

-Која е таа да објавува такви работи на Фејсбук – тоа е нечесно. Прашањето за тоа дали Трендафилов дали користи или не службено возило на ССМ не е прашање на државата бидејќи не го допира државниот буџет и тука нема основа. Се работи за проста работа – ако Синдикатот нема да преземе мерки или му дозволиле да има возило 24 часа, тогаш што имам јас од тоа, констатира Андонов.

Професорот оценува дека политички е обидот за негова дискредитација за спречување на понатамошните активности кои власта ги смета за политички атак врз нив. Тој преземе социјални активности од интерес на работниците при што бара минимална плата од 600 евра.

-Ти на тој начин сакаш него да дискредитираш со тоа што тој вози службено возило и ги зема децата со него. Тоа се мизерни состојби. Социјалниот дијалог е една приказна, дали тој го прекршил законот и правилата на ССМ е друга приказна, а трета приказна е зошто некој го следел. Ова е на грб на власта и ова е нечесен однос од нивна страна, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот врз еден синдикалец кој ти можеш за 100 работи да го обвиниш, но, не на овој начин да водиш социјален дијалог. Можеш да кажеш дека нема да дадеш минималец од 600 евра поради тоа и тоа и не сме во кондиција, а не обидот тоа да се сведе на ниски страсти и да се предизвика социјален судир. Затоа сега Обвинителството по допрен глас треба да поведе постапка врз која ќе утврди дали некој противзаконски го следел Трендафилов и да ги утврди извршителите и мотивите за тоа, анализира Андонов.

Трендафилов синоќа саркастично ѝ се заблагодари на власта за пи-арот што, според него, насмеал половина, држава а ја свртел против нив и другата половина. Вели за жал, или не внимаваат што зборуваат или намерно го прават тоа и мислат дека само што не го свртеле народот против народот, само што не ги свртеле овие со минимална плата против овие со минимална плата.

„Но, што ти значи еден ден вожња со пешки на пратениците, без патни трошоци како да возат на керозин, што ти значи и Иницијативата и тие да дојдат на минималец, да ги намалат нивните плати, но затоа не бираат средства, за да не го изгубат тоа. Да беа вака жестоки за зголемување на минималната плата и за зголемување на работничките плати, како што се жестоки да го одбранат неодбранливото, денеска ќе беше друго, немаше да служат за потсмев и немаше да ги осудуваат“, посочи лидерот на синдикалците.

За видеото со неговите деца, Трендафилов истакна дека „изминативе неколку денови многу потсеќаат на „Кажи му дека он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат… Мајката да им ја е**м јас нивна…“ – зборови кои можееа да се слушнат во „бомбите“ кои тогашната опозиција на СДСМ во 2015 година ги обелодени во јавноста.

„Но, за следењето и снимањето некој ќе рече „Многу е внимавано на тоа“, па затоа е полесно. Но, очите никогаш не лажат, белките се белки, а зениците се сини, а само доколку си ги послушате вашите барања, вашите совети од пред некоја година, само доколку…“, стои, меѓу другото, во јавната објава на претседателот на ССМ.

Платите се мизерни, ќе продолжиме со блокади, ако треба ќе седиме и со шатори, порача Сојузот на синдикатите на Македонија. Точно напладне, ССМ вчера со 21 работник ги блокираше пристапите до Стопанската комора и Организацијата на работодавачи. Трендафилов рече ако газдите не ја прифатат понудата за поголеми плати, ќе има генерален штрајк, а тоа ќе ги чини многу повеќе од нивните примања.

ССМ со повик до газдите да седнат на маса и да се договорат за платите. ССМ следната недела ќе организира блокади пред Владата.

За приодот кој следува, синдикалците најавија голем протест на којшто ќе присуствуваат работници од сите градови.

Н.П.