Андонов: Скопјани ќе имаат топлинска енергија во ноември

од Nikola Popovski
245 прегледи

Грејната сезона почна навремено и до овој момент истата се одвива континуирано и без проблеми. Ве уверувам и во текот на месец ноември, топлина ќе има за сите граѓани на Скопје, информира Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот.

Тој истакна дека начинот на кој ќе биде обезбедена, ќе биде објавен во следните неколку дена.

-Директорот на ЕСМ информира дека добиени се неколку информативни понуди за испорака на гас и од истите е побарано да достават дополнителни информации кои ќе ја потврдат сериозност на понудата. ЕСМ е државна компанија и тоа подразбира почитување на одредени процедури во интерес на граѓаните. Потребно е да се достават неколку документи, истакна Андонов на прес-конференција околу евентуалното потпишување на договор за испорака на гас за следниот месец.

Слични содржини