Андонов: Владиката Петар потврди дека учествував во одлуката СПЦ да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА

од Nikola Popovski
397 прегледи

Поранешниот министер за внатрешни работи и универзитетскиот професор Оливер Андонов синоќа одговори на демантот на Кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, во кое се оспорува неговото учество во признавањето на МПЦ-ОА.

-Имајќи предвид дека пред само неколку дена од истиот тој “кабинет” излезе информација дека нема да се извршуваат погреби за време на празници (Св.Никола, Рождество Христово-Божиќ и Воскресение Христово-Велигден) која потоа беше демантирана, ќе почекам со детална реакција на ова последно соопштение-демант на “кабинетот”, пишува Андонов.

Според Андонов, „прашањето на неговото учество во процесот на прифаќање и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ, како потврда го даде Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар“.

-Оттука, предметното соопштение исклучително и суштествено се задржува на болката на Неговото Преосвештенство викарниот Епископ Антаниски и Игумен на Манастирот Св.Јован Претеча (Бигорски манастир) и отец Бобан Митевски (божемен професор на Богословскиот факултет во Скопје), а во контекст на нивните анти Македонски перфидни активности како очигледно докажани фанариоти.

Со оглед на тоа во оваа мое првично обраќање до доаѓање до позицијата на “кабинетот” кој дава соопштенија без потпис на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан јавно ќе поставам неколку прашања до Епископт Антаниски Партениј (во кулоарите познат како агентот Пиколомини 013):

1.Зошто на сајтот на Манастирот Св.Јован Претеча (посветен на денот на Отсекувањето на главата на Св.Јован Крстител) познат како Бигорски манастир во насловот никаде не стои “Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија, Епархија Дебарско-Кичевска”, односно на секој начин се избегнува употребата на Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија?

2.Зошто во Вашите соопштенија и обраќања, Архиепископот Охридски и Македонски Стефан го нарекувате само “Архиепископот”?

3.Зошто покрај Вашите добри – поданички релации со политичкиот врв на Бугарија никако да остварите сослужување со браќата архиереи од БПЦ?

4.Зошто пред прифаќањето и признавањето на автокефалијата на МПЦ-ОА од страна на СПЦ откако станавте епископ ниту еднаш не сослужувавте со некој епископ на друга помесна Православна Црква?, прашува Андонов на социјалните мрежи.

Вчера МПЦ-ОА преку кабинетот на Архиепископот г.г. Стефан го демантира Андонов. Од таму велат дека ставовите на Андонов се тенденциозни, крајно опасни и поттикнуваат омраза против Бигорскиот манастир, кој има значајна улога во процесот на решавање на децениското црковно прашање.

Слични содржини