Андонов: За струја од Бугарија треба Софија да добие парламент

од Берта Китинска
261 прегледи

Советникот на премиерот за енергетика, Виктор Андонов, говорејќи за преговорите за евентуален увоз на струја од Бугарија рече дека согласно бугарските закони за енергетика секоја промена на одлуките треба да помине преку парламентот, а моментално Бугарија нема парламент. Како што вели тој, иако цените на бугарските берзи со приближни до оние на унгарската, можни се и билатерални договори.

„Моментално Бугарија нема Парламент…, согласно нивниот закон за енергетика производителите се обврзани, оние што имаат над 500 киловати, својата енергија да ја понудат на берза. На крај на месецот се формира цена. Во последните неколку месеци таа е приближна со унгарската, Хупекс, дури и нешто пониска. Тоа се правилата, но генерално може да се бараат исклучоци. Моментално се работи на тоа“, рече Андонов во Економски Магазин на Алсат.

Слични содржини