
Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денес во изјава за медиумите рече дека се уште нема оставки и одговорност од одговорните откако починаа четири дечиња на Клиниката за гинекологија.
– Поминаа пет дена откако бевме сведоци на најтрагичниот настан на гинекологија, а на Таравари и Заев око не им трепнува. Скоро цела недела како не се знаат причините и се покриваат работите. Очигледно некој купува време. Како што го криеја скандалот два дена се додека медиумите не го објавија. Дали некој се обидува да склопи извештај во кој нема лекарска грешка или нема одговорност за болницата? Дали на овој начин ќе се спасуваат Таравари и директорката Јовановска? Дали купуваат време за да ги убедат родителите и јавноста дека на новороденчињата им било пишано да починат? Колку бебиња треба да ги загубат животите за директорката на Клиниката за гинекологија Јовановска да си замине бидејќи нема капацитет да ја води клиниката, а единствена референца и е пријателството со Зорица Заева?, праша Андоновска.
Таа додаде дека наместо да го работи тоа за кое што зема пари, се занимавала како да му помогне на пријателот Заев во партиските ангажмани.
– Директорката Јовановска, Таравари и Заев создадоа невиден хаос во здравството и на секаков начин се обидуваат да избегаат од одговорноста. Уплашен и во неверување, народот е згрозен од неодговорното однесување на СДС. Хаосот кој го создаде СДС на долг рок ќе предизвика пад на квалитетот на услугите во здравството, а тоа директно ќе го почувствуваат пациентите. ВМРО-ДПМНЕ апелираше и ги прави сите напори да помогне да го разбуди СДС и неговите партиски заспани војници кои целосно заборавија на нивните ветувања и здравјето на граѓаните го оставија во втор план, рече Андоновска.