Андоновска: Спуштени само оние осигурувачи поврзани со фрижидерот, таму беа и реагенсите и за голема кашлица

од Nikola Popovski
1,6K прегледи

„Вчера бев известена дека биле исклучени еден фрижидер и една комора. Таму се чуваат доста значајни реагенси кои би детектирале низа на заболувања. Се исклучени директно од бушони. Во тој ходник поминуваат сите кои што работат во овој дел. Отворени се разводните табли. Оставаме да се испита дали е случајност или е намерно“. Вака новата директорка на Институтот за јавно здравје, Марија Андовска вели за исклученото напојување со електрична енергија на коморите со реагенси во ИЈЗ.

Доколку не функционираа фрижидерите, додава таа, ќе имаше голема материјална штета и би предизвикало општа несигурност по животот и здравјето на граѓаните.

Според Андоновска, овие две разводни табли каде што бил исклучен осигурувачот се табли каде што има стотина осигурувачи. Информира дека биле спуштени само оние кои што се поврзани со фрижидерот.

-Случајот го пријавивме до надлежните институции и се надевам дека ќе констатираат дали ова навистина е диверзија или случајност. Ги проверуваме реагенсите дали се оштетени. Станува збор за големи количини на реагенси. Меѓу другите, таму беа и реагенсите за голема кашлица. Во моментов имаме епидемија и замислете, доколку не реагиравме соодветно, денеска немавме да имаме ниту еден реагенс, кажа директорката во изјава за медиумите.

Слични содржини