Андоновска: Во мол можете да влезете со креиран упат, проверено ми е

од Nikola Popovski
316 прегледи

Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во емисијата „24 анализа“ информира дека во моловите може да се влезе со креиран упат.

-Знаете ли вие дека во мол може да се влезе со креиран упат. Еве пробајте, земете креирајте упат за било што. Ова ми е проверено, куцнете се таму, ќе може да поминете. Кој тоа треба да го направи? Беспредметно е контролирањето во моловите, во случај кога ништо тоа не придонесува, изјави Андоновска.

Таа појасни дека се уште не може да види кои се ковид-протоколите.

-Не гледаме протоколи никаде. Еве јас лично не гледам протоколи никаде, ниту пак граѓаните гледаат некој протокол, ниту пак знаат како треба да се однесуват. Но, за тоа граѓаните не се виновни, туку власта, рече Андоновска.

 

Слични содржини