Треба да се знае дека ние бевме првата советничка група што го отвори прашањето за тоа дека на Скопје му се случува сообраќаен колапс и побаравме одговор од градоначалничката зошто ги прекинува договорите со тогашните приватни превозници без воопшто да има обезбедена алтернатива. Тогаш бевме обвинети дека штитиме приватни интереси наспроти интересите на Градот, за денеска да дознаваме дека таа тајно ги исплатила сметките или долговите што Градот и ЈСП ги имале кон овие приватни превозници, но нов договор не потпишува и градот го држи во еден клинч, изјави советникот од советничката група од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновскиденеска во врска со прашањето околу приватните превозници.
Тој рече дека ЈСП се обидува да покрие она што покривале и повеќе од стотина автобуси и оти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, рекла дека градот нема да биде блокиран, но, нагласи, граѓаните не можат да стигнат на своите работни места, со саати се чека на автобуските постојки, а автобусите се преполни.
– Ми се чини се додека е оваа администрација во Градот Скопје, тешко дека ќе се наоѓа решение со приватните превозници, рече Андооновски.