261
Јас уште од изборите повторувам дека не е здраво да се шират лажни соништа. Тие носат големи очекувања и големи разочарувања. Датумот ние го добивме во 2018 година, но оттогаш чекаме секои 6 месеци и граѓаните се чувствуваат разочаранот, вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Според него, граѓаните мислат дека „ЕУ е лизгава течност која поминува низ прсти и никако не можеме да ја задржиме“.
-Најпроблематично е тоа што од 2015 година кога имаме поддршка на евроатлантскиот пат од 85-90%, таа сега драматично паѓа. Граѓаните се уморни од оваа теза „само што не сме го добиле датумот“, вели Андоновски и додава дека изјавата на Груби за француска платформа за спорот меѓу Македонија и Бугарија е „шпекулација“.