Андоновски најавува Закон за сајбер безбедност со кој нема да бидеме меѓу последните држави во Европа по заштита од дигитални закани

од Nikola Popovski
20 прегледи

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска информираше дека за првпат во земјава ќе се донесе Закон за сајбер безбедност, но, нема да биде закон кој што ќе биде применлив од прв ден туку стандард кон кој што ќе се стремиме да го достигнеме како држава. Со него ќе се регулираат прашања како сајбер секторот во рамки на Министерството, до офицери за сајбер безбедност во секоја институција, до критична инфаструктура во поглед на сајбер безбедноста…

Според Андоновски, моментално ситуацијата не е сјајна и излегоа мерења дека ние сме меѓу последните држави во Европа по нивото на заштита на сајбер безбедност и по изложеноста. Оценува дека постои огромен простор за напредок.

-Ова се случува затоа што мерките кои што биле преземени од институциите биле ад-хок. Ако некоја институција има менаџер кој што ги смета прашањата за релевантни, тогаш внимавал на лиценци, обновувања, заштита…Доколку институцијата немала таков човек, таа не се однесувала на тој начин. Тоа е прашања на надзор кое што не беше регулирано досега, рече министерот на панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ.

На почетокот ќе се следи дали некоја институција ги почитува мерките на заштита и првично ќе биде превентивно со едукација и тренинг, а потоа ако се согледа дека институцијата неколку пати не се однесува соодветно, тогаш ќе биде и со изрекување на мерки.

Слични содржини