Андоновски: Не треба лидерска средба ако зборуваме само за уставните измени

од Nikola Popovski
185 прегледи

Мојот личен став е сега ако во моментов дискусијата е само за уставните прашања, таква средба не треба да има. Граѓаните ги мачат многу посериозни работи, како да се справат со енергетската криза. Скопјани ги мачи дали ќе се грееме на мазут или дизел. Дали безбедносните служби работат како што треба. Имаме дојави за бомби секоја недела, а тие апсат млади и недолжни граѓани. Овие прашања би биле поактуелни за дискусија меѓу партиите, а за уставните измени отворено сме го кажале нашиот став, вели меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски за најавената лидерска средба во понеделник.

Тој додаде дека на анкетите против Договорот со Бугарија се повеќе од 60% од граѓаните.

Слични содржини